ВМРО-ДПМНЕ: Европратеник и директор од Бугарија директно го навредуваат македонскиот народ

by Fokus

Од ден во ден се повеќе се зголемуваат антимакедонски, негаторски и понижувачки изјави на одредени официјални лица од Бугарија, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Јавно и без срам во еден од своите настапи еден европратеник и еден директор на државна институција директно го навредуваат македонскиот народ, а од македонска страна нема никаква реакција. МАНУ упорно молчи на вакви суштински прашања, и отвора простор за нови напади и нови омаловажувања од страна. На ваквите напади каде е во прашање и угледот на државата, Министерството за надворешни работи не реагира, се брани со молк – се наведува во партиското соопштение.

Од таму додаваат дека Министерството за надворешни работи има обврска да го штити угледот на државата и македонскиот народ.

– Последен е нападот врз највисоката научна установа, која од директорот на Националниот Историски Институт во Бугарија беше претставена како инструмент во рацете на Заев и не смее да се впушти во коментари на договорот кој е постигнат во Софија, особено на најавите за бришење на учебниците или тврдењата дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја – реагираат од ДПМНЕ.

Поврзани новости