Владата се премисли, ќе ги враќа дописничките места на МИА

by fokus

Владата, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата за повторно отворање на дописнички места на Акционерско друштво „Медиумска информативна агенција“ – Скопје и за продолжување на соработката со соработници во неколку градови.

Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи при Владата, во координација со Министерството за финансии, со ребаланс на Буџетот во текот на 2023 година, да обезбедат средства за непречено функционирање на дописничките места.

Ова следува само два месеци откако Владата не обезбеди пари за дописниците под изговор дека мора да се штеди и МИА мораше да ги укине дописничките места. Останува нејасно како ситуацијата се промени за два месеци.

Сега веќе поранешната дописничка на МИА од Брисел, Тања Милевска во интервју за „Фокус“ на почетокот на годинава рече дека нема да биде изненадена доколку набрзо дописничките места се вратат, а укинувањето да е со цел таа да биде отстранета од позицијата поради своите ставови.

Поврзани новости