Владата работи против работниците

by Фокус

Маските паднаа! Владата  со најновите, експресно изгласани измени на законите што се однесуваат на правото на штрајк во образованието даде најочебиен доказ дека работи против работниците, реагира левичарското движење „Солидарност“.

– Не е правна онаа држава во која власта наменски ги менува законите во своја корист! И не е социјална онаа држава во која власта нема слух за социјалните проблеми на работниците! Правото на штрајк, кое е гарантирано со Уставот на Република Македонија, и пред овие измени беше премногу рестриктивно регулирано. Толку рестриктивно што се наметнува дилемата: дали намерата е преку законските одредби да се обезбеди остварувањето на ова уставно гарантирано право или да се ограничи што е можно повеќе ова клучно работничко право – велат од „Солидарност“

Оттаму ги повикуваат работниците од образованието кои се моментално невработени да не служат како монета за поткусурување на Владата против легитимните барања на Синдикатот за образование, штрајкбрехерството е појава која е за секаква морална осуда.

– Не дозволувајте за беден надомест за само два, три, пет дена да бидете алатката преку која Владата ќе ги порази вашите класни другари – порачуваат од левичарското движење.

Поврзани новости