Во недела бесплатен појадок на Камени и на мостот Око

by Фокус

Град Скопје во соработка со Средното угостителско училиште „Лазар Танев“ по петти пат го организира настанот „Појадок на мост”, што ќе се одржи в недела од 9 до 11 часот на Камениот мост и мостот Око.

Поради подготовките за настанот што ќе се одвиваат на мостовите, како и за време на одржување на Манифестацијата и двата моста Камениот и мостот Око ќе бидат целосно затворени за движење на граѓаните, односно преминување, од 13.09.2014 година (сабота) од 18 часот, се до 13 часот в недела на 14.09.2014 година.

pojadok na most

Поврзани новости