Влада за двојните функции: Спасовски и министрите избрани за пратеници земаат плата само од Влада

by Frosina Fakova

Премиерот Оливер Спасовски и министрите кои на последните избори беа избрани за пратеници, ја земат единствено и исклучиво платата за нивниот ангажман во Владата, до моментот на траење на нивниот ангажман во Влада, а не и од Собранието, велат од Владата по најавата на Антикорупциската комисија дека ќе проверува дали овие функционери земаат две плати.

Во моментов неколку министри од актуелната влада се пратеници, како премиерот Оливер Спасовски, шефот на дипломатијата, Никола Димитров, министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, вицепремиерската за економски прашања, Мила Царовска, министерот за образование, Арбер Адеми.

-Добив дека не земаат две плати, меѓутоа не сум уверена во тоа, бидејќи немам писмено добиено. Но, ќе ги обезбедиме и тие информации, рече првата Антикорупционерка.

Поврзани новости