(ВИДЕО) Убиено 15-годишно девојче во автобус во Велика Британија

by Fokus

Девојче 15-годишно почина откако утринава било избодено со нож во автобус пред трговскиот центар во Кројдон, во Велика Британија, потврди полицијата.

Информациите се дека инцидентот се случил во автобусот додека девојката одела на училиште.

Од брзата помош се обиделе да го спасат животот на девојчето, но кај неа била констатирана смрт на местото на настанот.

Полицијата уапсила тинејџер во врска со нападот. Се сомнева дека ја познавал жртвата.

Засега не е познато зошто се случил нападот.

 

Поврзани новости