(ВИДЕО) Сензација во Мелбурн – квалификантка од Украина стигна до полуфиналето на АО

by Fokus

Тениската бајка на 23-годишната Украинка на Австралија Опен продолжува…

Украинската тенисерка Дијана Јастремска се пласираше во полуфиналето на Австралија опен, откако во четврт-финалето убедливо ја совлада Линда Носкова од Чешка со 2:0 во сетови (6:3, 6:4).

Така Дијана стана само втората тенисерка во историјата која успеала да се пласира во полуфиналето на првиот Грен слем во сезоната, а претходно играла квалификации за турнирот.

Јастремска, која е 93-та светска тенисерка не можеше да дојде на себе по чудесниот подвиг што го постигна. По победничкиот поен, таа со неверување се фати за главата и погледна кон небото. Таа самата не можеше да поверува што успеала да направи.

Украинката во полуфиналето ќе игра против подобрата од дуелот меѓу Русинката Ана Калинскаја и Чинвен Женг од Кина.

Поврзани новости