(ВИДЕО) Анестезиологот спроведен со лисици, одреден осумдневен притвор

by fokus

Судот вечерва му одреди осумдневен притвор на анестезиологот кој во живо емитуваше видео на социјалната мрежа ТикТок од пациентките на тетовска Гинекологија.

ТВ 21 објави видео од спроведувањето на анестезиологот пред судија на претходна постапка, каде двајца полицајци со лисици на рацете го внесоа во Судот.

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против анестезиологот В.Д. (43) за кривичните дела – Несовесно работење во службата , како и Неовластено снимање.

 

ФОТО и ВИДЕО: ТВ 21

Поврзани новости