Облачно и врнежливо време, температурата до +20

by Fokus

Во земјава денеска ќе преовладува облачно време.

Утрово на места во западните делови има појава на дожд, а попладне и во вечерните часови со локален пороен дожд и ретка појава на грмежи во најголемиот дел од земјата.
Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури се во интервалот меѓу 4 и 10 степани, додека максималните дневни соодветно ќе се движат од 11 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината денеска ќе биде променливо облачно, попладне со повремен умерен до пороен дожд, кој ќе продолжи и во ноќните часови.

Дневната температура ќе достигне до 19 степени.

Поврзани новости