Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев изрази благодарност до граѓаните кои ги почитуваат мерките и со своето однесување придонесуваат да се спречи ширењето на коронавирусот, а ги сподели и најновите статистички податоци од постапувањето на МВР.
-Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи констатирано е дека:
-По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 104 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
-На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 29 лица им се издадени решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирано е 1 лице кое не ја почитувало мерката.
-По однос на уредбата за носење на лична заштита на лицето на целата територија на државата констатирани се вкупно 82 прекршоци.
-Во државен карантин се спроведени 23 лица, вели Чулев.