Вчера беше Сарацин, денеска во Скопје доаѓа и Рот

by Fokus

Вчера во Македонија допатува специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, денеска во Скопје ќе престојува и претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот и поранешен државен министер на Германија за Европа – Михаел Рот.

Ова е дел од меѓународните дипломатски напори за отворање на европскиот пат на Македонија и спроведување на уставните измени како услов за напредок кон ЕУ.

Според агендата, Рот ќе има средби со претседателот на Собранието – Талат Џафери, со претставници на Владата и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски.

Предвидено е да учествува на регионалниот настан „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна дипломатија“ на кој се поканети парламентарци и претставници на стручните служби на парламентите на земјите од Западен Балкан, германскиот Бундестаг и Европскиот парламент.

На дебатата ќе учествува и Сарацин.

Тој вчера со претставници на власта и на опозицијата уште еднаш порача да не се потценува временскиот период за донесување на уставните измени, како и ризиците од можното одвојување на земајва на патот кон ЕУ доколку не се исполнат барањата.

Поврзани новости