Ваучерите за инвертерите граѓаните ќе ги добијат во јануари

by Fokus

Постапката за апликацијата за инверерите почнува од утре. Премиерот Зоран Заев верува дека веќе од јануари ваучерите за инвертерите ќе бидат во рацете за корисниците.

Според премиерот, постапката малку доцни бидејќи работите одат согласно законот за јавни набавки. На средината на јануари ќе почне и масовна кампања за корисниците.

„Пред неколку дена во Собрание помина репрограмот кој даде согласност, а денеска ќе се донесе одлука на Влада. До средината на јануари ќе почне масовна кампања за да ги информираме граѓаните. Постапката од утре почнува за апликација за инверторите. Кампањата ќе биде дополнителна информативна алатка. Ќе побараме од националниот сервис да ни даде бесплатен простор. Постапката е сложена. Тоа се 10 милиони евра што треба да се одвојат. Верувам дека во јануари ваучерите ќе бидат во рацете на корисниците. Добро би било да почнала порано. Но, финансиските параметри не дадоа можност од август или септември да се определат средства“, рече премиерот Заев.

Владата пред два месеци го промовираше планот за субвенционирање на инвертери.

Владината мерка предвидува 10 илјади семејства да добијат по илјада евра за да купат инвертер.

Предвидено е 5200 да се доделат во Скопје, по 2500 во Тетово и Битола како и 800 во Кичево.

Поврзани новости