Вангеловски за случајот во кој е обвинет: Се работи за комплетен апсурд

by fokus

Екс претседателот на Врховниот Суд, Јово Вангеловски, бара медиумите да го следат судскиот процес против него за да може јавноста да види како се однесува оштетената, во случајов судијката Лидија Неделкова.

За него сепак е зачудувачки што е гонет само поради тоа што и скратил паричен надоместок на судијката која на работа не дошла 3 дена.

-Еве во кратки црти ако било кој од вас отсуствува неоправдано од работа три последователни дена сигурен сум дека ќе добие отказ. Во случајот постапката за нејзино разрешување е токму заради тоа. А и покрај тоа што добила плата, уште бара и за периодот на неоправдано отсуство додаток на плата. Мислам дека се работи за комплетен апсурд, изјави Вангеловски.

И покрај тоа што тој беше разрешен од функцијата судија, не сака да зборува дали се чувствува како дел од т.н. прочистување на судството.

Инаку, Вангеловски беше разрешен поради случајот со приведувањето на бизнисменот Сеад Кочан.

Поврзани новости