Уште тројца починати од Ковид-19, бројката се искачи на 156

by fokus

Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 127 заразени од корона вирусот, но и тројца починати.

-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни. Починаа  и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни, информираат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.152, бројката на оздравени пациенти е 1.653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.343.

Поврзани новости