Украина тврди дека не одбива преговори, но не прифаќа ултиматуми

by fokus

Украина денеска ги демантираше изјавите дека ги одбила преговорите за примирје со Русија, притоа нагласувајќи дека не се согласува со ултиматуми или неприфатливи услови.

Михаило Подољак, советник во кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, изјави за Ројтерс дека Украина подготвила преговарачка позиција, но се соочила со услови за преговори поставени од Русија.

-Вчера, агресивните акции на вооружените сили на Руската Федерација ескалираа во текот на денот и ноќта со масовни воздушни и ракетни напади врз украинските градови. Ваквите акции ги сметаме само за обид да се скрши Украина и да се принуди да прифати категорично неприфатливи услови, вели Подољак.

Поврзани новости