Кулеба со порака до руските мајки: Спасете ги најблиските, дојдоа да убиваат невини луѓе!

by fokus

Слика од двајца заробени руски војници е објавена на твитер профилот на украинското министерство за надворешни работи, додека украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба им се обрати на руските мајки, жени и ќерки и ги повика да ги вратат своите најблиски во Русија.

-Мајки, жени, черки на руски војници! Одведете ги своите во дома. Дојдоа во туѓа земја да убиваат невини луѓе, да ги уништуваат нашите домови. Власта вам ве лаже. Народот во Украина ги дочека со оружје, а не со цвеќе. Побарајте од власта да ја запре војната и освојувањето, спасете ги своите најблиски, напиша Кулеба.

Поврзани новости