Уапсен тетовец затоа што украл накит во вредност од над 11 илјади евра

by Fokus

Тетовец бил уапсен по полноќ, поради сомнение дека сторил тешка кражба од стан во градот и одзел накит во вредност од над 11 илјади евра

„На 27.09.2020 во 00:15 часот од полициски службеници од СВР Тетово на ул.„180“ во Тетово бил лишен од слобода И.Џ.(42) од Тетово, поради сомнение дека на 26.09.2020, во периодот од 20:05 до 21:30 часот, влегол во станот на А.Џ.(40) од Тетово, без да ја оштети влезната врата, и одзел поголема количина златен накит, причинувајќи штета од околу 700.000 денари. При преглед кај И.Џ. биле пронајдени одземените предмети, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Поврзани новости