Уапсен очниот хирург и првиот синдикалец Дејан Ставриќ

by lali

Попладневно полицијата го уапсила очниот хирург Дејан Ставриќ кај новата автобуска во Скопје.

Очевидци кои го гледале апсењето потврдија дека на Ставриќ му биле ставени лисици на рацете, а кај него наводно биле најдени обележани банкноти.

Портпаролот на МВР Иво Котевски потврди дека попладневно бил уапсен доктор, а повеќе детали најави за утре.

„Можам само да ви кажам дека приведен е доктор за сторено коруптивно кривично дело“, изјави Котевски.

Доктор Ставриќ беше предводник на лекарските протести од минатата година кога лекарите се кренаа против проектот плаќање по учинок. Протестите траеја 40 дена. Дел од лекарите се откажаа од штрајкот, а доктор Ставриќ пред неколку месеци замина на работа во приватна поликлиника.

Поврзани новости