„Твоја партија“ се регистрираше, излегува на избори

by fokus

„Твоја партија“ ги собра потребните 1.000 потписи и денеска и официјално беше регистрирана како партија. Со ова, новата партија чии промотори беа професроката Мирјана Најчевска и адвокатот Александар Тортевски, ќе може да излезе на претстојните избори.

Според решението за регистрација, застапник на партијата ќе биде Тортевски.

-ТВОЈА се регистрираше.
Со одењето на нотар и заверката на изјава покажавте огромна желба да ни овозможите да излеземе на избори. Ви благодариме, напишаа од „Твоја партија“ на нивната официјална Фејсбук страница.

Од партијата за „Фокус“ повеќе детали за тоа како ќе настапат на изборите најавија од понеделник.

Поврзани новости