Милошоски не ја коментира содржината на снимките во кои ургира кај судии, му се закани на Заев

by fokus

Антонио Милошоски вечерва преку Фејсбук статус објави реакција на објавувањето на петте снимки во кои тој разговара со тогашниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски и други судии и ургира за предмет поврзан со неговиот татко.

Сепак, Милошоски во реакцијата не коментира ништо за содржините и за неговото ургирање.

-Почитувани новинари,
вечерва беа објавени 5 од 6 мои снимки, нелегално направени од УБК во 2011 година, во времето на Мијалков.
Дозволете да Ве известам дека го знам лицето кое нелегално ги поседува копиите од сите снимки од СЈО, лично ја координира селекцијата и ја нарачува нивната објава. Тоа е лицето З.З., оној кој лажно тврдеше дека ги предал сите снимки на СЈО и дека не поседува копии од истите.
Господине З.З., со објавата на овие снимки докажавте дека без истите Вие не сте можеле да уценувате пратеници, да рекетирате стопанственици, да заплашувате сопственици на медиуми, и да бидете и обвинител, и премиер, и судија истовремено. Изгледа силно Ве здоболе објавата на двата материјали за вашите незаконитости, кои ми беа доставени од укажувач. И во право сте, допрва ќе ве боли. Како дојдовте, така ќе си одите!
Укажувачите ќе стануваат се побројни и се посмели, а јас уште помотивиран и во служба на јавниот интерес.
Ќе Ве отворам како пупка!
Се слушаме наскоро #ТикТак, напиша Милошски на Фејсбук.

Поврзани новости