Лекарите во САД открија дека ште еден симптом кај заболените од Ковид-19, што се манифестира со промена на бојата на прстите на нозете.
Прстите на нозете на заболените од новиот корона вирус се црвени и изгледаат како по изложување на студ.
Последен објавен симптом беше згрутчување на крвта, што може да предизвика мозочен удар.
Неодамна лекарите и пациентите открија и нов симптом, што го опишуваат како трпки по телото, што е знак дека телото во завршна фаза се бори со вирусот.
Останатите вообичаени симптоми вклучуваат треска, болки, тешко дишење, замор, сува кашлица, дијареја, а од друга страна, некои луѓе немаат никакви симптоми.
Евидентирани се и невролошки симптоми, вртоглавица и главоболка, атаксија што се опишува како недостаток на координација на движење, односно одење или кревање предмети.
Атаксијата може да влијае на говорот, голтањето и движење на очите.
Ширум светот заразени со Ковид-19 се повеќе од 2,7милиони луѓе, излекувани се околу 750.000 луѓе, а починати се над 190.000 луѓе.