Царинската управа во Тетово заплени 120 килограми тутун и 19 илјади парчиња цигари 

by Fokus

Царинската управа соопшти дека денес заплениле 120 килограми тутун и 19 илјади парчиња цигари.

„Денес во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа и Единицата за економски криминал при Одделот за крим полиција при Министерството за внатрешни работи, во Тетово кај едно лице се пронајдени и запленети 120 кг режан тутун за пушење и 19.000 парчиња цигари без акцизни маркички“, соопшти Царинската управа. .

Според Царинската управа со ова е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока, за која е избегнато плаќање на акцизни давачки.

Стоката е привремено одземена, а од страна на Царинската управа против лицето ќе бидe поднесенa кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство.

Поврзани новости