Одговорност од функционерите и администрацијата, државата да помогне да се зголеми извозот, побара Азески

by Fokus

Да се подигне на највисоко ниво одговорноста на функционерите и административците, да се заштити земјата од злоупотреба на моќ, да се укинат управните одбори во институциите кои ги има вкупно 1 320 со 129 000 вработени.

Да се спречи нерегуларното користење на службените возила со воведување посебни регистарски ознаки, да се ревидираат неработните денови и да се „разбудат“ корективите на власта, порача денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

Пред голем број претставници од бизнис секторот, науката и институциите, Азески, во третото месечно обраќање што го организира Комората, уште еднаш потенцира дека извозот мора да стане врвен национален приоритет, алфа и омега на македонската економија.„

Оваа економија без извоз не може да издржи. Доста е од поделби, да се обединиме околу бизнисот ако тој е единствениот кохезивен фактор за да излеземе од ситуацијата во која се наоѓаме. Да склучиме договор со државата за да се регулираат односите меѓу неа и приватниот сектор.

Она што ни се случува со мешањето во работите, го уништува бизнисот. ’Нема да работите во недела, толку ќе ставате маржа, толку ќе плаќате минималец,…’

Се што се прави се прави за ограничување на самостојноста на субјектите кои создаваат и така не можеме да излеземе од ситуацијата. Извозот мора да се дигне на пиедестал“, изјави Азески.

Според него постои голема поларизација меѓу власта и опозицијата и земјава од 2006 година е во континуирана кампања што е многу лошо, бидејќи  се одразува врз бизнисот.

„Државата не смее да му се меша на бизнисот и апелирам  секој  да се занимава со својот домен, соодветно на функцијата што ја извршува. Неопходно е и воведување економска дипломатија“, рече Азески.

Азески упати порака и до европските лидери, тој рече: „Ако ни помагаат да ни помагаат, а не да не понижуваат“.

„Тешка фрустрација влечеме, дека сме неспособни сами да си ги решиме прашањата па мора да доаѓа некој од страна да ни ја крои судбината. Тоа е исто како дома да го викаш соседот да ти ги реши проблемите, а се знае како тој ги решава. Мора да собереме сила да поведеме сами иницијатива.

Изборивме 74 иницијативи за регулирање на односите на Балканот и ниедна не е наша автентична, туку е од надвор. Постои и голема поларизација меѓу власта и опозицијата,  видовте вчера, не можеме да разберме за што беше разговарано, ’два месеца, три месеца, со ДУИ, без ДУИ’, јас не можам да разбреам што 40 години се занимавам со ова, па не обичниот граѓанин“, изјави Азески.

Тој побара да се стават посебни таблици на службените возила, за вработените во администрацијата да не ги злоупотребуваат за викендите и по работното време, а заштедените пари да ги дадат за развој на извозот.

„ Пари ќе се заштедат и со укинување на сите управни одбори во државните претпријатија, државни органи, заводи, институции, агенции кои во моментов се 1 320 институции со 129 000 врабтени, наместо политика да се направи економска дипломатија“, изјави  Азески.

Тој рече дека како бизнисмени очекуваат еднаш во три или шест месеци да им се каже визијата на државата за да може да го следат  тој процес.

„Мене не ми треба премиерот да излегува по шест пати и да коментира работи кои не би коментирал ни заменикот на помошникот на потсекретарот на Министерството за локална самоуправа. Мора секој со својата одговорност и габарит да ги постави работите. Мене ме интересира дали јас вам ќе можам да ви кажам дека можете слободно да ги продолжите бизнисите и инвестициите со Бугарија зашто тоа ќе го направиме и покрај политичките процеси. Бараме таква личност, не да се зборува за локалните проблеми, за тоа нека зборуваат општините“, рече Азески.

Азески, кој е и претседател на Националниот совет за извоз, зборуваше на темата „Извоз, Извоз, Извоз!”. Негови гости беа академик Гоце Петрески, професорот од Економски факултет – Штип и претседател на Клубот на извозници при Комората Дарко Лазаров, професорот на University College London UCL Славо Радошевич, претседателот на Белгиската стопанска комора Оливер Вилокс, извршниот директор на Тиквеш АД – Кавадарци и потпретседател на Клубот на извозници при Комората Радош Вуќикевиќ, како и генералниот директор на компанијата „Актива” Штип Иле

Поврзани новости