493
Седум новозаболени лица од корона вирус во Кавадарци се регистрирани во последните 24 часа. Тројца од нив, се здравствени работници. Оваа општина има евидентирано дека вкупно 177 лица заболелени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата до денес.
Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, за МИА потврди дека новозаболените се на возраст од 42 до 73 години. Четири женски и три машки лица. Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Се утврдуваат нивните контакти со цел нивна изолација.
Од почетокот на пандемијата досега, во Кавадарци починаа две лица со коронавирус, од кои еден странски државјанин. МИА