617
Министерството за здравство информираше дека во изминатите 24 часа се регистрирани нови 103 заразени со корона вирусот, но и тројца починати. Најмладиот е на возраст од само 35 години.
-Починати се 3 пациенти од Скопје (69г.), Велес (35г.) и од Македонски Брод (77г.). Сите пациенти се починати во болнички услови, велат од Министеството за здравство.
Во овој период пак се регистрирани и 187 оздравени пациенти, односно толку граѓани успеале да ја добијат битката со Ковид-19.