710
Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 109 заразени со корона вирусот, но и три смртни случаи.
-Починати се 3 лица, пациент од Кичево (64г), пациент од Скопје (61г) и пациентка од Македонски Брод (70г). Сите се починати во болнички услови, велат од Министерството за здравство.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациент од: Скопје-29, Куманово-13, Дебар-2, Штип-4, Тетово-4, Велес-1, Битола-2, Гостивар-13, Струмица-1, Радовиш-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-4, Кичево-6.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.871, бројката на оздравени пациенти е 12.054, на починати е 609, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.208.