Тројца пациенти ја изгубиле битката со Ковид-19, а 225 оздравеле

by fokus

Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 115 заразени со корона вирусот, но и тројца починати пациенти кои ја изгубиле битката со Ковид-19.

-Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје на 62 и 68 години и еден пациент од Струга на 68 години, сите во болнички услови, информираат од Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 225 оздравени пациенти од: Скопје-146, Куманово-15, Штип-5, Прилеп-2, Тетово-10, Струга-1, Битола-10, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-10, Струмица-6, Радовиш-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Валандово-1, Виница-1, Кичево-5 и Неготино-2.

Поврзани новости