Тријазичност на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

by fokus

Скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“ ќе добие 25 нови табли кои ќе служат како показатели за клиниките со цел граѓаните полесно да се снаоѓаат во кругот на комплексот клиники, информираше министерот за здравство Арбен Таравари кој нагласи дека показателите ќе бидат на 3 јазици, македонски, албански и англиски.

-Поставување на табелите на албански јазик е голем чекор за пациентите односно населението од албанската припадност, а исто така и пациентите кои доаѓаат од Косово и Албанија. 30 отсто од пациентите се Албанци, и на нив ќе им биде полесно да се снаоѓаат во кругот на Клинички центар – велат од министерството за здравство.

Покрај таблите за означување, министерот Таравари заедно со општите служби побарал да се постават нови канти за отпадоци како и осветлување низ целиот клинички центар. Целиот проект ќе чини околу 500 илјади денари.

Поврзани новости