Таравари: Сите државни болници и амбуланти се во долгови

by Fokus

Сите државни болници и амбуланти, без исклучок се во долгови, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

– Треба да се направи анализа и да се види. Одговорноста не е само на еден директор, туку на сите директори. Ако треба така, сите се сменети. Се надевам новите директори дека нема да направат такви грешки и редовно ќе ги плаќаат долговите кои ги имаат клиниките – истакна Таравари.

Истите информации ги потврди и директорката на Јавната установа од областа на здравството за потребите на ЈЗУ Универзитетски клиники,  Завод и Ургентен центар-Скопје, Шкодране Дардишта, кој додаде дека долговите се од претходната власт.

 

 

Поврзани новости