СДСМ: Каде исчезнаа документите за побарувања од 1,5 милиони евра во Општина Прилеп?

by fokus

Каде исчезнаа документите за побарувања од 90 милиони денари, или за скоро 1.5 милион евра пари од касата на Општина Прилеп?, прашуваат од СДСМ по извештајот на државниот ревизор кој констатирал дека во сметководствената евиденција на Општината ги нема документите за побарувања од 90 милиони денари, пријавени во завршната сметка за 2015 година.

-12 години моќниците од локалната власт предводена од Марјан Ристески се богатат на сметка на осиромашените граѓани на Прилеп. За градоначалникот Ристески, ревизорскиот извештај со кој се потврдува криминалното и коруптивно трошење на народните пари, бил обичен плагијат.Градоначалникот треба да знае дека ревизорскиот извештај е доказ во евентуалната кривична постапка, и судот ги прифаќа ваквите документи како докажани факти! – изјави Миле Талевски, член на Совет на Општина Прилеп.

Тој побара одговори од градоначалникот Ристески, зошто дозволил од благајната да се подигаат пари за патни и дневни трошоци, без евиденција кој износ за што се подига, за какви потреби и за кое лице.

-Дали тие пари се трошеле за партиски потреби на ВМРО-ДПМНЕ? Зошто Ристески префрлил 7.5 милиони денари на повеќе здруженија, без да се донесе план и програма за тоа? На кои граѓански здруженија ги префрлил парите и дали доставиле извештаи до Локалната самоуправа за тоа како ги потрошиле средствата? Доколку Марјан Ристески не сака да одговори на јавноста, убедени сме дека одговорите ќе треба да ги даде пред надлежните органи. Затоа поднесовме и кривична пријава! – рече Талевски.

 

Поврзани новости