Тренерот на Вардар си поднесе оставка по контроверзниот пораз во Гостивар

by fokus

Шефот на стручниот штаб Никола Глигоров поднесе оставка по поразот на вчерашниот натпревар со Гостивар и повеќе нема да го води клубот.

Ова денес го соопшти најтрофејниот македонски клуб и му се заблагодари на соработката на Глигоров.

-ФК Вардар му се заблагодарува за досегашната соработка и му посакува среќа и успех во понатамошниот тек на кариерата, се вели во соопштението.

Во рамките од 22 коло во Втората лига Запад, Вардар загуби на гостувањето кај Гостивар со 2:1, но мечот предизвика многу контроверзии.

По анализата направена од судиската организација на ФФМ биле утврдени неколку грешки на судиите, кои се суспендирани.

Поврзани новости