328
Претседателот на САД, Доналд Трамп даде ветување дека тие ќе се изборат против опасниот корона вирус, додавајќи дека се гледа како воен претседател во оваа ситуација.
„Ова е војна. Јас гледам на ситуацијата како да сум воен претседател. Мора сите да се жртвуваме, зашто сме заедно во ова. Ова е невидлив непријател, а тоа секогаш е најтешкиот непријател. Но, ќе го поразиме овој невидлив непријател. Мислам дека ќе успееме и побрзо отколку што мислиме“, изјави Трамп.
Во САД досега има повеќе од 9.300 заразени со коронавирусот, вклучувајќи и двајца членови на Конгресот, а починале 150 луѓе.