Тепачка на паркинг, двајца завршиле во болница

by Фокус

Повеќе лица се степале на паркинг во Скопје, едно од лицата со автомобил налетало на друго лице, по што со повреди и двајцата завршиле во болница.

„Синоќа во 21.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на бул.Х.Т.Карпош бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица, по што Љ.Р.(26) од липковското село Слупчане со патничко моторно возило марка ауди со кумановски регистарски ознаки удрил во А.Л.(44), по што двете лица биле пренесени во Градската општа болница Св.Наум Охридски каде од лекар им биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Поврзани новости