Талески донесен на распит во СЈО

by fokus 12:36
12:36

По ургенциите на Специјалното јавно обвинителство до битолската полиција, градоначалникот Владимир Талески денеска е донесен на распит во Скопје.

Талески кој е во куќен притвор, во СЈО пристигна во придружба на еден полицаец и адвокатот Никола Додовски кој застапува дел од осомничените финкционери во власта во неколкуте случаи на СЈО.

Иако вчера ескивираше да даде исказ и не се појави пред судот, денеска Талески ќе биде испрашуван за случајот „Транспортер”, во кој се сомничи за коруптивни тендери со школскиот превоз од 360 000 евра.

Поврзани новости