Тоа значи, дека доколку тројцата професори до вторник не бидат избрани во повисоко звање, сите претседатели на региони, (околу 20) и секретари на СОНК ќе стапат во штрајк со глад.
професори
По објавувањето на текстот на „Фокус“ дека се влошува здравствената состојба на тројцата универзитетски професори, откако штрајкуваат со глад веќе седми ден по ред, на наше инсистирање се огласи ректорот на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, Саша Митрев. Тој тврди дека чекаат до нив да стигне решението од Државниот просветен инспекторат.
Ректорот на штипскиот Универзитет, Саша Митрев и денеска не одговараше на телефонските повици и смс-пораките на „Фокус“, за да ни објасни кога планира да постапи по решението на Државниот просветен инспекторат, во кое се наведува дека има неправилности и дека треба да се повтори изборот. Досега реакција нема и од деканот на факултетот Ристо Фотов.
Адеми: Штипскиот Универзитет да постапи по решението за тројцата професори или ќе следуваат санкции
by Fokusby Fokus„Фокус“ контактираше и со министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми. Тој тврди дека тие не можат да им влијаат на универзитетите бидејќи тие се автономни институции, но сепак, мора да постапат по решението на Државниот просветен инспекторат.
Државен просветен инспекторат: Има неправилности, изборот за тројцата професори ќе се повтори
by Fokusby FokusОткако за проблемот на тројцата избркани професори од Економскиот факултет при штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“беа алармирани сите надлежни институции, вонреден инспекциски надзор изврши и Државниот просветен инспекторат.
Деканот Тодоровски од битолскиот Универзитет за избрканите професори: Ова е невиден преседан
by Fokusby FokusТој тврди дека ова претставува негативен преседан, затоа што не е досегашна практика на ниту една високообразовна и научна институција во Македонија масовно да се отпуштаат наставници и тоа такви кои во целост ги исполнуваат условите за избор во повисоко звање
Според нив, навистина е неумесно, Ректорот да манипулира со јавноста и неговите колеги да ги нарекува „маченици“, бидејќи функцијата која ја извршува, бара од него поголема одговорност кон вработените, а тоа значи да ги спроведува и почитува законските прописи.
Саша Митрев: Професорите да не манифестираат состојба на маченици, што не доликува на луѓе од Универзитет
by Fokusby FokusМитрев тврди дека како ректор, не може да ги натера на сила нивните колеги од факултетот да гласаат позитивно. Според него, ако не ги сакаат колегите од Економскиот факултет при УГД ќе ги земе некој друг. Тој додава – квалитетот ќе си го најде своето место
Апсолвенти: Со овој чин не се бркаат само тројца професори, туку и студентите на Универзитетот
by Fokusby FokusОткако тројцата доктори на науки вчера добија поддршка од дел од своите колеги, денеска поддршка на нивна адреса стигна и од апсолвентите на Економскиот факултет при УГД, кои како што тврдат, директно се засегнати за расплетот на случувањата во врска со прекинувањето на работниот однос на тројцата професори.
Професори: Ректоратот треба да го дисциплинира деканот, ова е невиден преседан со избрканите професори
by Fokusby FokusСпоред професорот Димитровски, на тој начин се имплицира поведение, кое во поврат може да има погубни последици. Тој тврди дека УГД потпомогнато со МОН мора да изреагира и да го маргинализира значењето на оваа случка, со цел тоа да не се претвори во практика.