Саша Митрев: Ќе преземеме мерки, само да добиеме написмено од Инспекторатот

by Fokus

По објавувањето на текстот на „Фокус“ дека се влошува здравствената состојба на тројцата универзитетски професори, откако штрајкуваат со глад веќе седми ден по ред, на наше инсистирање се огласи ректорот на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, Саша Митрев. Тој тврди дека чекаат до нив да стигне решението од Државниот просветен инспекторат.

– Секако дека ќе превземеме мерки, само да добиеме нешто написмено од Инспекторатот – се наведува во кусиот одговор од ректорот Митрев.

Здравствената состојба на тројцата универзитетски професори Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски се влошува. Тие цела недела не ставиле залче во уста во знак на протест. Единствено пијат вода, какао, кафе и чај.

– Почна да ни се влошува здравствената состојба, што е нормално. Не сме јаделе веќе седум дена. Чувствуваме вртоглавици, малаксаност, не знам до кога ќе издржиме вака. Знам дека не е лесно. Сите сме во лоша состојба – истакна професорот Костадиновски.

Тројцата универзитетски професори за овие седум дена поддршка добија од нивните колеги, како и од апсолвентите на Економскиот факултет.

Поврзани новости