Државен просветен инспекторат: Има неправилности, изборот за тројцата професори ќе се повтори

by Fokus

Откако за проблемот на тројцата избркани професори од Економскиот факултет при штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“беа алармирани сите надлежни институции, вонреден инспекциски надзор изврши и Државниот просветен инспекторат.

– Од инспекцискиот надзор констатирани се неправилности во делот на критериуми при избор. Државниот просветен инспекторат донесе решение за повторување на постапката за избор во звања, која што треба да биде согласно Закон за високо образование, Статут и Правилник за работа на Универзитетот ,,Гоце Делчев” – Штип – се наведува во испратеното соопштение.

Тројцата доктори на науки, Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски веќе петти ден како штрајкуваат со глад во просториите на СОНК. Тие добија поддршка од дел од своите колеги и од апсолвентите на Економскиот факултет.

Поврзани новости