Портпаролката на Светска здравствена организација, Маргарет Харис денеска изјави дека вакцина против Ковид-19 ќе биде произведена за околу 12 месеци.
– Ние оценуваме дека ќе биде произведена за најмалку 12 месеци. Навистина не можеме да очекуваме да добиеме вакцина пред 12 месеци, потенцира Харис.
Таа додаде дека развивањето на вакцина бара „концептуален доказ“ за нејзината ефикасност, како и докази за безопасност на пациентите.
– Треба да бидеме сигурни дека вакцината нема негативни и несакани ефекти, туку и долгорочни ефекти. Покрај тоа во исто време треба да се испита и имуниот профил и да поминат неколку етапи за проучување на безопасноста на вакцината, потенцира Харис.
Таа истакна и дека во Италија и во Шпанија има „мало намалување“ на бројот на новозаразени, додека во Турција и во Велика Британија забележан е раст на заболените од новиот корона вирус.
– Се уште не сме го достигнале врвот на пандемијата, истакна портпаролката на СЗО.