Струмичанец украл 663 кутии цигари од маркет

by Фокус

Струмичката полиција денеска привела 40-годишник со иницијали Г.П., кој е осомничен за тешка кражба.

При претрес во домот на струмичанецот, според полициското соопштение, биле пронајдени вкупно 663 кутии цигари, кои се украдени од маркет од Струмица.

„Г.П. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, стои во соопштението.

Поврзани новости