Стојаноска: Од заразените во Македонија, 12 проценти се здравствени работници

by Fokus

Македонија е втора земја во регионот по број на заразени по жител од корона вирус, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата тврдат и дека 12 проценти за заболените се медицински работници. Според нив ваквата статистика е резултат  на несоодветната заштита.

„Пред нас е само Хрватска или таму има 102 заразени на милион жители, потоа следи Македонија со 88 заразени на милион жители. На третото место е Црна Гора со 83 заразени на милион жители, на четврто е Грција со 71 заразен на милион жители, на петто е Албанија со 55 заразени на милион жители. По ова следат Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Турција – истакна Дафина Стојаноска.

Поради ваквата ситуација во земјава, опозицијата предлага сет здравствени мерки.

Од партијата велат дека ќе ја поддржат секоја мерка на Владата која се однесува на заштита на граѓаните.

Поврзани новости