Американската амбасадорка до Спасовски: НАТО доаѓа во тешки моменти за сите, но ја покажува вашата посветеност

by Fokus

Aмериканската амбасадорка Кејт Брнз му порачала на премиерот Оливер Спасовски дека одлуката за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО доаѓа во тешки моменти за сите, но ја покажува посветеноста на земјава да истрае во остварувањето на евроатлантските аспирации и ја потврдува силната поддршка од САД и ЕУ, информираа од владата.

„Сега имаме јасна перспектива и сигурна иднина за целата држава, подготвени сме да ги преземе обврските како полноправна членка на НАТО. Се подготвувавме за преговори со ЕУ, сакаме да бидеме успешни и брзи. Преговорите се шанса да ги донесеме европските вредности дома и да ги реформираме нашите институции, што е од корист на сите граѓани“, – истакнал Спасовски на средбата.

 

 

Поврзани новости