671
Новиот позитивен случај на Ковид-19 во Општина Кавадарци е старец на возраст од 83 години, жител на село Дреново.
Човекот кој имал асма и други хронични болести не излегувал од дома. Единствено, во анкетата навел дека неколку пати бил кај матичниот лекар.
Откако пред неколку дена му се покачила температурата, му бил земен брис, по што доцна синоќа стигнал позитивниот резултат.
-Новорегистрираниот пациент од утринава е сместен во Велес, на Инфективно одделение. Се работи за лице на 83-годишна возраст, со повеќе хронични болести – потврдија од Центар за јавно здравје Кавадарци.
Ова е втор активен случај на Ковид-19 моментално во општината.
Вики Клинчарова