Србија стигна до бројката од милион ревакцинирани лица

by Фокус

Првата доза на вакцина против ковид 19 во Србија ја примиле 1.435.000 лица, а ревакцинирани се вкупно 1.017.000, соопшти државниот секретар на српското министерство за здравство, Мирсад Џерлак.

Тој за РТС изјави дека Србија очекува во април да добие и милионски дози од вакцините на „Фајзер“, „Спутник В“, „Синофарм“, како и вакцини преку ковакс-системот.

-Важна е брзината и масовноста на вакцинацијата. Не треба да чекаме ако сакаме ова лето да одиме на одмор и да се вратиме на нормалниот живот – рече Џерлак.

Поврзани новости