Историја: Македонија ја нокаутираше Германија, Пандев и Елмас стрелци!

by Fokus

Македонската фудбалска репрезентација испиша голема победа против Германија со резултат 2-1 на гостински терен во квалификациски меч за СП 2022 година.

Момците на селекторот Игор Ангеловски покажаа дека умеат да се надигруваат со најголемите репрезентации, а Германија едноставно немаше решение како да го пробие дефанзивниот „кордон“ пред голманот Димитриевски.

На самиот крај од првото полувреме, Пандев одлично се снајде и го отвори резултатот, а во вториот дел израмни Гундоган преку пенал во 63-та минута.

После овој израмнувачки погодок, нашата селекција почна да врши притисок врз подмладената Германија, а наградата за тоа дојде пет минути пред крајот на мечот. Феноменална акција на нашата репрезентација со гол ја круниса Елиф Елмас, кој уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите наши играчи.

До крајот на мечот Германија се обиде да дојде до израмнување, но одбранбените играчи на Македонија совршено си ја одработија својата работа и не дозволија Димитриевски по вторпат да ја вади топката од сопствената мрежа.

Поврзани новости