Заев: Вечерва цела Европа виде дека македонскиот фудбал е европски и светски!

by Fokus

Вечерва цела Македонија слави по неверојатната голема победа на нашата фудбалска репрезентација против Германија (2-1), а воодушевувањето на го крие и политичката фела од земјава.

Премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи го честиташе триумфот, додавајќи дека ваквите успеси се добредојдени во овие тешки времиња на пандемија.

„Вечерва цела Европа виде дека македонскиот фудбал е европски и светски! Честитки за нашите борци кои ни носат нови победи и нови подвизи. Имаме победа над селекцијата на Германија на квалификациите за Светското првенство во Катар 2022.

Во овие тешки времиња, моментите на радост и гордост што македонските репрезентативци ни ги носат се потребни и добредојдени во секој дом“, напиша Заев на социјалните мрежи.

 

Поврзани новости