Спасовски: Право на пристап до вода има секој и со тоа нема водење политика

by fokus

Премиерот Оливер Спасовски, придружуван од министрите за внатрешни работи, Агим Нухиу, за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и за животна средина, Насер Нуредини, попладнево се сретна со градоначалникот на општината Боговиње, Албон Џемаили и со претставници на месните заедници на селата Синичане и Урвич.

Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот е изразена заедничка согласност и определба за изнаоѓање ефикасни правни механизми за надминување на актуелната ситуација со водоснабдувањето на селото Синичане и за поддршка од Владата за трајно решавање на прашањето со водоснабдувањето во општината.
– Право на пристап до вода има секој жител и со тоа нема водење политика. Владата е определена да најде решение и за актуелниот проблем со пристапноста до питка вода на жителите од село Синичане и за изнаоѓање трајно решение за снабдувањето со вода на селата во општината Боговиње. Ќе ги разгледаме правните и законски можности за ефикасно дејствување и во отворен дијалог со засегнатите жители, каков што е денешниот состанок, рече премиерот Спасовски.
Констатирано е дека постигнатото разбирање меѓу претставниците на локалната самоуправа на Боговиње и на селата Синичане и Урвич отвора можност за решение што ќе биде во интерес на сите страни.

Поврзани новости