Повторно црн рекорд на новозаразени во Албанија за едно деноноќие

by fokus

Во Албанија расте бројот на заразени со Ковид-19, оздравени,но и на починати лица.

Во последното деноноќие регистрирани се 139 позитивни на Ковид-19 што е најголема бројка на новозаразени во едно деноноќие, од појавата на пандемијата. Албанската метропола продолжува да биде главно жариште на болеста,од каде се дури 60 отсто или 81 од новозаразените.

Во исто време во списокот на оздравени внесени се 69 лица а починале шест пациенти.

Во Албанија,со последните 561, до сега направени се 43.764 тестови, позитивен резултат е добиен кај 5.889, битката со опасниот вирус ја добиле 3.123 а ја изгубиле 182 лица.

Активни на болеста се 2.589 од нив 1.451 се во Тирана, 302 во Драч и 230 во Скадар.

Поврзани новости