Спалети нов селектор на Италија, ќе дебитира против Македонија

by Фокус

Поранешниот тренер на Наполи, Лучано Спалети, е промовиран во нов селектор на Италија од 1 септември до крајот на Светското првенство во 2026 година, наследувајќи го Роберто Манчини. Тој ќе дебитира против Македонија во квалификациите за Европското првенство во 2024.

Италијанската фудбалска федерација го потврди ангажирањето на Спалети вечерва, откако тренерот го напушти Наполи, откако им ја донесе првата италијанска титула по пауза од 30 години.

Наполи дозволи да си замине со потпишување на договор од седум страници со клаузула од 3 милиони евра кои ќе треба да ги исплати ако најде нова работа една година пред крајот на договорот.

Поврзани новости