Медицинска сестра од Англија е виновна за убиство на седум бебиња

by Фокус

Медицинска сестра од Англија, Луси Летби е прогласена за виновна за убиство на седум бебиња и обид за убиство на уште шест, а казната се очекува да и биде изречена во понеделник во Манчестер.

Со убиствата кои таа ги извршила стана најмасовен сериски убиец на деца во поновата историја на Обединетото Кралство.

Летби своите жртви ги гушела, ги хранела со млеко насилно и ги труела со инсулин, а обвинителството за неа кажа дека манипулирала со своите колеги за да ги сокрие своите убиствени намери.

-Во нејзините раце безопасни супстанци како воздух, млеко и течности или лекови како инсулин станувале смртоносни – рече обвинителот.

Обвинителството на поротниците им даде бројни можни мотиви за време на 10-месечното судење во Манчестер, пишува „Гардијан“.

Летби уживала во „играњето на Бог“ со тоа што прво ги повредувала децата, а потоа ги предупредувала своите колеги за нивната влошена состојба.

Таа дала забелешки, кои обвинителите ги опишаа како „предвидувања на пропаст“, ​​бидејќи состојбата на некои од нејзините жртви се влошила.

По последното убиство во јуни 2016 година, таа им рекла на лекарите: „Тој нема да излезе жив одовде, нели?“

Поврзани новости