Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 350,452 луѓе заразени со новиот корона вирус. Од нив починати се 15. 315, а оздравеле 100.354 лица.
Зараезени има во 192 земји и територии ширум светот, како и на крузерот Дајмон Принцес.
– Кина и натаму има најголем број заболени (81.093), при што 72.703 оздравеле, а 3.270 починале.
– Од земјите во регионот, најмногу, пет лица починаа во Албанија, по неа следи Романија со четири жртви и Бугарија и Словенија со по три. Во Србија и Македонија починаа по две лица од Ковид-19, а во БиХ и Црна гора по едно лице.
– Германската Влада денеска одлучи да усвои пакет мерки за помош на економијата и спасување на работните места, кое предвидува ново задолжување во висина од околу 156 милијарди евра.
– Корона вирусот ќе ја чини економијата на Германија стотици милијарди евра загуби во производството, ќе предизвика скратување на работните часови и скок на невработеноста и ќе изврши голем притисок врз државниот буџет, според сегашните пресметки на германскиот институт ИФО.
– Висок офицер од египетската војска почина денеска од ковид-19. Египетските власти и вчера информираа за смрт на високвоен функционер во земјата.
– Во континенталниот дел на Кина забележан е пад на бројот на новозаразени со корона вирус, а денеска се воведени нови мерки за заштита од заболените кои доаѓаат од странство. Се предвидува сите патници кои ќе дојдат од странство да бидат тестирани за корона вирус.
– Швајцарските здравствени власти соопштија денеска дека се пријавени 1046 нови случаи на инфекцијата, со што вкупниот број на заразени во таа земја достигна 8.060, со 66 смртни случаи.
– Во Шпанија се зголеми бројот на починати лица од Ковид-19 и сега изнесува 2182. Шпанија очекува врвот на епидемијата во таа земја да биде кон средината на оваа недела, а до крајот на седмицата да почне да опаѓа бројот на новозаразени.
– Германија информира дека се гледаат првите резултати од мерките против корона вирусот, што се рефлектира во намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19.